Прегратките се многу поважни за жените во однос на мажите, покажаа резултати од ново истражување.
Секако има бенефит од топлата прегратка, но на жените всушност им е повеќе потребна за да го зачуваат здравјето.
Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина откриле дека прегратките го регулираат нивото на окситоцинот. Исто така, прегратките го редуцираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести.
Овие резултати се покажаа точни посебно за жените, но и мажите ја имаат оваа предност.
Добрите вести,исто така, се дека прегратките ги ослободуваат и емоционално позитивните нервни клетки. Вие всушност ширите среќа кога прегрнувате некого.
Прегратката го намалува бројот на отчукувањата на срцето и ги намалува стравовите. И едноставно, добро е чувството кога некој ве прегрнува.
Пријателската поддршка е исклучително важна за здрав и урамнотежен живот.