Со сите државни почести, на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречекува германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во својата прва официјална посета на Македонија.
Меркел воедно е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.
Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа, но и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија.
За деталите од средбата по еден час во холот на Владата ќе се оддржи заедничка прес конференција на македонскиот премиер и германската канцеларка.
Свечен пречек на германската канцеларка Ангела Меркел
Свечен пречек на германската канцеларка Ангела Меркел, со највисоки државни и воени почести. Оваа посета е јасна потврда за правилната насока во која се движиме.Соопштение: http://vlada.mk/node/15569
Публикувахте от Zoran Zaev в Събота, 8 септември 2018 г.