Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој што ќе се слави независноста на Република Маледонија, пишува ВМРО ДПМНЕ во своето партиско соопштение
Иднината на Република Македонија не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја, пријател на Македонија. Националниот идентитет не смее да биде монета за поткусурување на неспособни политичари кои се заинтересирани само да си обезбедат стипендии за своите деца. Името не е сопственост на криминалци на кои им е важно само да ограбат што е можно повеќе пари од граѓаните додека се власт.
Договорот со Грција е само димна завеса додека во позадина се злопупотребува секоја можност да се украдат парите на граѓаните. Тој е максимално штетен. Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот.
Ова антидржавно однесување на СДСМ мора да престане. Зоран Заев мора да си замине. Само така Македонија ќе победи, се вели во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ