Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Кавадарци порача дека владата на Зоран Заев и СДСМ „ветуваа многу работи но за жал не можеме да видиме ништо од тие ветувања на дело“.
„Одлично е денес да се биде во Кавадарци, да се биде со кавадарчани но и со другите граѓани на Република Македонија кои што го посетија Кавадарци. Исклучително многу проекти од локалната инфраструктура можевме да забележиме во денешната прошетка низ градот дека се реализираат. Кавадарци навистина доживува на локално ниво еден огромен инвестициски но и градежен бум. Така треба да продолжи, Градоначалникот одлично си ја врши работата. Гледам и денеска организацијата овдека е прекрасна“, рече Мицкоски.

Порача дека граѓаните на Кавадарци со голема резигнација се изразувале за политиките кои ги води владата на СДСМ и Зоран Заев.
„Гледаме дека ветуваа многу работи но за жал не можеме да видиме ништо од тие ветувања на дело. Помина година ипол откако владата на СДСМ и Зоран Заев се во Рапублика Македонија гледаме дека ниту еден километар автопат не успеаа да изградат, гледаме дека сите оние проекти кои што беа успешно започннати и требаше до сега да завршат неуспеваат да ги завршат напротив ги одолжуваат.
Сето она што беше ветувано за загарантиран откуп на земјоделците еве и во овој регион тоа можеме да го забележиме со судна мака се завршува како така. А не како што беше ветувано дека имаме загарантирана цена, дека имаме загарантиран откуп. Така што имаме една масовна депресија, една масовна стагнација во сите пори во општеството, но од друга страна можеме да видиме една исклучително скапа пропаганда, една машинерија која што врши класичен напад на менталниот склоп на сите граѓани во Република Македонија. Се обидува граѓаните да ги убеди во нешто во што и самите не веруваат, бидејќи доколку веруваа ќе знаеја дека сето ова немаше да им биде потребно“, рече Мицкоски.