Пожарникарите на грчкиот остров Самос се обидуваат да го сузбијат шумскиот пожар, кој изби синоќа, јави Катимерини.

Пожарот зафатил борова шума на островот, а на лице место, во областа Кедрос на северозападот на островот, упатени се 36 пожарникари, со 17 возила.
Во гасењето на пожарот учествуваат и пет хеликоптери, кои фрлаат вода на зафатеното подрачје, како и два авиони.
Населените подрачја не се загрозени, додава Катимерини.