ЕУ: Жалиме поради откажувањето на посетата на Вучиќ на Бање

од desk2
113 прегледи

Европската Унија изрази жалење поради откажувањето на посетата на претседателот на Србија Александар Вучиќ на селото Бање.


ЕУ побара од сите одговорни да го чуваат редот и да обезбедат безбедно продолжување на посетата на српскиот претседател, пренесува Танјуг.

„ЕУ жали поради одлуката да се откаже посетата на претседателот Вучиќ на Бање. Ги повикуваме оние кои се одговорни да го одржат редот и да обезбедат сѐ да мине безбедно. Целосната определеност на зачувувањето на мирот и безбедноста за народот на Косово и Србија, мудрост и мир се она што сега ни е потребно“, порача портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич.

Коцијанчич во соопштение наведе дека посетата на претседателот Вучиќ се одржувала во мирна атмосфера и со целосна поддршка од одговорните власти, но дека народот направил блокади на патот кон Бање по кој требаше да мине српскиот претседател.