OnePlus се подготвува да го претстави својот втор предводник смартфон за годината и по се изгледа дека тоа ќе се случи по неколку недели. Кинеската компанија потврдила за CNET дека новиот OnePlus 6T ќе предложи вграден во дисплејот сензор за отпечатоци и тоа се потврдува од обезбедениот „скриншот“ од компанијата. Во него се гледа отпечаток на местото што треба да се допре за отклучување. Освен тоа, го забележуваме датумот 17 октомври, што можеби укажува кога ќе биде премиерата на телефонот.

Но тоа ќе биде ден по претставувањето на Huawei Mate 20 во Лондон, па вестите од OnePlus може да бидат засенети. Телефонот ќе се нуди и од американскиот оператор (T-Mobile), што е голем пробив на компанијата, бидејќи тоа ќе и овозможи пристап до многу поголем број на потенцијални корисници.
OnePlus ја нарекува „Screen Unlock“ новата функција на OnePlus 6T и наведува дека тоа е начин да се оптимизира дизајнот на телефонот и да заштеди на корисниците дополнително дејство при отклучувањето на уредот. Тој ќе обезбеди и отклучување преку препознавање на лицето, но тоа не е толку сигурно како тоа преку отпечаток.
Компанијата сакала да „вгнезди“ таков сензор на екранот на OnePlus 5T, но се предомислила, бидејќи технологијата не била доволно развиена. Додатокот е всушност сместен под OLED панелот. При активирање, тој го осветлува прстот на корисникот, а отпечатокот се снима од сензорот и се споредува со зачуваниот во процесот на конфигурација. Ако постои совпаѓање, уредот се отклучува.
Поради оваа функција OnePlus 6T е подебел за 0.45 мм, а освен тоа компонентите во куќиштето биле преместени.