Apple ќе го пренесува утрешниот настан и на Twitter

од Vlatko K
78 прегледи

За првпат Apple ќе емитува свој настан во живо на Twitter и тоа ќе биде утре на премиерата на новите модели на iPhone.

На овој начин компанијата ќе ги прошири платформите во кои корисниците ќе можат да го гледаат претставувањето – последните премиери беа достапни само во Safari, Apple TV и Microsoft Edge во Windows 10.

Претходно оваа година компанијата овозможи и на корисниците на новите верзии на Chrome и Firefox да го следат отворањето на WWDC конференцијата, па додавањето на Twitter е логичен чекор.

Настанот започнува утре во 20 часот, а на него, покрај новите модели на iPhone, очекуваме да видиме ажурирана верзија на Apple Watch.

Како и обично, ќе најдете детали за сите интересни премиери од презентацијата и на нашата страница.