Торо Росо заинтересиран за Мик Шумахер

од Vlatko K
184 прегледи

Тимот на Торо Росо е заинтересиран за привлекување на синот на легендата Михаел Шумахер – Мик. Момчето може да го замени Пјер Гасли, кој ќе се натпреварува за Ред Бул до Макс Верстапен од 2019 година.

Неодамна, Хелмут Марко рече дека има листа на десетина потенцијални кандидати кои чекаат за слободното место на Гласли. Можно е слободните позиции во тимот да бидат две, бидејќи Брендан Хартли има тешкотии во дебитантската сезона и се претставува послабо од очекуваното.

Листата на Марко најверојатно го вклучува Естебан Окон, чија иднина во Рејсинг Поинт Форс Индија е нејасно, и Стофел Вандорн кој ќе биде ослободен од Мекларен. Според сајтот „Моторспорт“, Мик Шумахер го привлече вниманието со добрите резултати во Формула 3. Потребни му се 20 поени за Супер лиценцата, за да може Мик да влезе во најпрестижниот шампионат, нешто што изгледаше недостижно до неодамна, но синот на Шумахер освои неколку победи.

Ако продолжат во истиот дух, Мик Шумахер сигурно ќе заврши во првите 3 во Ф3. Следната година тој или ќе продолжи во истото првенство или ќе влезе во Формула 2, а во 2020 година, Ред Бул најверојатно ќе го привлече. Сепак, не е чудно кариерата на Шумахер помладиот да се забрза, со оглед на големиот пресврт ова лето на пазарот на пилоти во Ф1.