Сајтот на Apple ги откри имињата на новите iPhone модели

од Vlatko K
107 прегледи

Неколку часа пред настанот на Apple, во сајтот на компанијата беа забележани имињата на очекуваните три нови модели на iPhone.

Откритието беше направено од сајтот Allthings.now, кој успеа да најде во XML датотеките на Apple споменување на iPhone Xs, Xs Max и Xr, со што беа расчистени сите сомнежи околу имињата на телефоните.

Имињата на уредите се поврзани и со производи, кои потоа ќе бидат достапни за купување во продавницата на компанијата како гаранција AppleCare и футроли.

Датотеката содржи и информација за Apple Watch Series 4 плус информации за нови каишки со ширина 40 мм и 44 мм кои се пошироки од сегашните (38 мм и 42 мм).

Од сајтот, станува јасно дека iPhone Xr ќе биде со дијагонала на екранот 6.1-инчи и 64GB / 256GB меморија и ќе се нуди во бела, црна, црвена, жолта, сина и розова (корал).

Други информации откриваат дека iPhone Xs и iPhone Xs Max ќе се со 5.8-инчен и 6.5-инчен дисплеј и ќе бидат достапни со 64GB, 256GB и 512GB меморија во сребрена, црна и златна.

Настанот на Apple започнува во 19 часот по македонско време и ќе може да се проследи во живо на различни начини, меѓу кои и на Twitter.