Европската премиера на Google Pixel 3 и Pixel 3XL ќе бидe на 9 октомври во Париз

од Vlatko K
95 прегледи

Google почнаа да шират покани за специјален настан што ќе се одржи во Њујорк на 9 октомври. Компанијата веќе го промовира во интернет со хаштагот #madebygoogle, што е сигурна гаранција дека тогаш ќе ги видиме новите смартфони Pixel. Излегува дека Google ќе ја одржат премиерата истовремено и на европскиот континент и за оваа цел се одлучија на Париз. На овој начин, настанот во Њујорк ќе биде премиерата на Google Pixel 3 за Северна Америка, а тој во Париз ќе биде поврзан со европското деби на уредите.

Многу е веројатно овој пат компанијата да ја наруши својата стратегија и да инвестира многу повеќе средства за маркетинг и дистрибуција на смартфоните меѓу земјите од европскиот континент. Досега Google постојано е обвинувана дека не посветува доволно финансии и создава премалку парчиња од уредите за да ги претвори во хит на пазарот. Се чини дека овој пат Google ќе бидат поагресивни во обидот да ги промовираат Google Pixel 3 во Европа. Двата модела ќе имаат елегантен дизајн и ќе работат со платформата Android 9,0 Pie.

Се очекува дека Google Pixel 3 XL ќе има 6,2-инчен екран и ќе работи на процесорот Qualcomm Snapdragon 845. Други карактеристики вклучуваат 4GB RAM и 32GB вградена меморија. Во исто време, Google Pixel 3 ќе има помал екран со големина од 5,5 инчи. Двата модели ќе вклучуваат опција за безжично полнење. Според непотврдени информации, цената на Google Pixel 3 XL ќе биде во опсег од 749 долари, додека Pixel 3 најверојатно ќе се продава за 649 долари. Компанијата исто така ќе претстави серија додатоци за новите паметни телефони.