Пејчиновиќ Буриќ: Хрватска е против размена на територии на Балканот

од desk2
85 прегледи

Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави дека Загреб се противи на менување на границите на Балканот.


По нејзината средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон, Буриќ оцени дека од тоа произлегува опасност за целиот Балкан.

Буриќ и Помпео разговарале за идеите за размена на територии меѓу Косово и Србија, со што би се постигнала поголема етничка хомогеност.

– Ова не е принципот по кој функционираа државите по Втората светска војна. Не е добро да се прават разграничувања по етнички линии зошто тоа може да доведе до дестабилизација и загрозување и на други држави во регионот и пошироко, изјави Буриќ.