Родители го фрлиле новороденчето во грмушки

од desk2
120 прегледи

Недалеку од Мостар, БиХ, вчера е пронајдено тело на новороденче, старо две недели.

Од полицијата потврдуваат дека о нашле бебето, откако кај нив било пријавено дека бебето исчезнало.

Земени се траги од местото за понатамошна истрага.

За случајот уапсен е М.Ш. (56) од Груда, чија сопруга М.Ш на 1 септември се породила во болницата во Мостар.

Таа излегла од болнива на 5 септември во придружба на мажот, а што ги натерало штотуку роденото бебе да го фрлат во грмушките не се знае. Тие имаат три деца, а случајот во полиција го пријавил таткото на родилката.