Заедно со iPhone Xs и Xs Max, Apple претстави и трет паметен телефон кој се нарекува iPhone Xr и ќе се обиде да ги освои корисниците со пониска цена. Моделот нуди 6.1-инчен „исечен“ LCD екран, кој го зазема поголемиот дел од предниот панел и има резолуција 1792 x 828 пиксели, а освен тоа ја нуди технологијата True Tone за промена на температурата на боите според околната средина.

Смартфонот го користи чипсетот A12 Bionic и нуди систем за препознавање на лицето Face ID, така што корисниците нема да се лишат од неговите придобивки. Уредот е водоотпорен (IP67), нема 3D Touch (вклучува нов систем за тактилна реакција) и нуди алуминиумска рамка наместо челична. Смартфонот има стаклен заден панел и ќе се нуди во цели 5 бои – црна, бела, сина, жолта, црвена и розова (корал).
Промена има и кај главната камера – таа е единечна со резолуција 12МР (како широкоаголната во iPhone Xs) и нуди портретен режим со замаглување на позадината со користење на вештачката интелигенција.
Селфи камерата повторно е 7МР како онаа во iPhone Xs. Смартфонот има и поголема батерија, откако може да обезбеди за час и половина подолга работа од iPhone 8 Plus.
Телефонот ќе доаѓа со 64GB, 128GB и 256GB меморија по цена од 749 долари (849 евра) од 26 октомври.
Прелиминарните нарачки ќе започнат на 19-ти октомври.