Слика на концептуална визија за тоа како ќе изгледа болидот во 2021 година во Формула 1 се појави во социјалните медиуми непосредно пред Големата награда на Сингапур. Шефот на мотоспортот во Ф1, Рос Браун ја презентираше визијата на технички семинар, што се одржа зад затворени врати. Сепак, некој од учесниците направија фотографија која брзо се прошири на интернет.
Концептот доаѓа во време кога Ф1 ги привршува правилата за 2021 година и се надева дека ќе ги направи натпреварувањата поинтересни и попривлечни за навивачите. Концептуалното Ферари открива неколку позначајни разлики од актуелните автомобили, вклучувајќи и 18-инчни гуми.
Предните крила се поедноставни, со агресивни рабови кои се многу повисоки. Поедноставување, исто така, има и кај кабината, на страната на кокпитот, а хаубата е поврзана со задните крила. Не е јасно дали станува збор за продолжен ДРС – во минатото, Браун изјавуваше дека оваа помош при претекнувањето треба да се отфрли.
Се чини дека задните крила се интегрирани за покривање на задните гуми. Ова може да биде заштитна мерка со цел да се спречат автомобилите да се качат еден врз друг во случај на несреќа.
Исто така не е јасно кој дел од оваа верзија ќе остане, бидејќи „Либерти Медиа“ продолжува да ги специфицира правилата за 2021 со тимовите.