Рикардо и Ред Бул го поставија темпото во Сингапур, Леклер со смешна несреќа

од Vlatko K
82 прегледи

Ред Бул го започнаа на убедлив начин викендот за ГН на Сингапур откако се најдоа на чело по првата слободна тренинг сесија. Даниел Рикардо го забележа најбрзиот круг од 1.39.711 минути со хипер-меки гуми. Клубскиот колега Макс Верстапен постигна второ време, но најдобрата обиколка беше под влијание на Карлос Сајнц во финалниот сектор.

Трети и четврти се наредија пилотите на Ферари, а побрз од двајцата беше Себастијан Фетел – на три десетинки зад времето на Рикардо со исти гуми. Тандемот на Мерцедес, кој донел помалку колекции хипер-софт за разлика од своите противници, се решија да ги сочуваат. Така тие постигнаа само шесто и осмо место.

Нико Хулкенберг покажа завидна брзина и заврши петти на крајот. Карлос Сајнц ја потврди најавата на Рено за силни перформанси, откако го претекна Ботас за седмата позиција.

Идниот пилот на Ферари, Шарл Леклер беше деветти, но сесијата за него заврши порано откако тој направи доста смешна несреќа. Откако го помина мостот Андерсен, Леклер не ја процени оддалеченоста до ѕидот на кривината, се удри предна десна гума и ја оштети суспензијата. Шарл беше неповреден, а оштетувањето на автомобилот за среќа не беше премногу сериозно.

Кошмарот за Мекларен продолжува и понатаму, а Вандорон повторно се повлече по само 11 круга. Во поголемиот дел од времето, неговиот автомобил остана во гаражата, каде што механичарите се обидуваа да сфатат што не е во ред со него

Слични содржини