Официјалната премиера на новите смартфони на Аpple допрва ќе покаже дали компанијата има потенцијал да се натпреварува успешно со последните модели на Android производителите. Може и да не сте претпоставиле, но трите нови модели на компанијата ќе стават крај на неколку постари производи, кои веќе нема да се произведуваат. Така на пример Аpple ќе запрат со развојот на првата генерација на Apple Watch, која дебитира официјално во 2016-та година, пријави BusinessInsider.

Во последниве месеци уредот беше промовиран како поевтина алтернатива на Apple Watch 3. Официјалната цена беше 249 долари, но моделот може да се најде и за 199 во некои трговки синџири. Следниот производ кој ќе биде запрен по премиерата на iPhone Xs, Xs Max и iPhone Xr е премиум смарт часовникот Apple Watch Edition кој можеше да се купи со 18-каратно златно куќиште за 10 илјади долари. Компанијата, исто така, ќе престане да произведува iPhone 6s и iPhone 6s Plus.
„Евтиниот“ iPhone SE, исто така, веќе нема да биде произведен од Apple, и единствениот начин да се добие функционална верзија е да го купите од интернет. Сепак, најизненадувачка е одлуката на компанијата да го запре развојот и производството на iPhone X, кој беше претставен пред година. Наместо тоа, компанијата ве поттикнува да ја купите новата генерација на паметни телефони. Новиот iPhone Xs нуди идентичен дизајн и помоќен хардвер со иста почетна цена од 999 долари.