Шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски ја доби поканата за распит во Обвинитеслтвото во својство на сведок, дознава 1ТВ. Самиот судија ја потврдил инфомацијата за телевизијата, но не сакал да открие кој ден ќе ја даде изјавата во Обвинителството. Вангеловски ќе одговара на прашањата на двајцата јавни обвинители околу електронското распоредување на судските предмети.

Интересно е што судијата Владимир Панчевски, чиишто увид на АКМИС Системите во Кривичен се вршеше за периодот кога тој беше претседател на судот, до вчера попладне не добил покана за распит во скопското обвинителство. Тој тврди дека не знае во кое својство би бил испрашуван и оти немал никаква комуникација со обвинителството за електронското распоредување на судските предмети. Ниту тогашниот В.Д. претседател на „скопска единица“, Стојанче Рибарев, ниту поранешната шефица на Кривичен, не добиле покана.
Еден од повиканите во Обвинителството е осомничен, преостанатите, пак, меѓу кои и судии, инфоматичари и административци се повикани во својство на сведоци за електронското распоредување на судските предмети.
Лани во декември министерството за правда откако преку работна група ги провери АКМИС Системите во Кривичниот, Апелацискиот и во Врховниот суд, извештајот со забележаните нерегуларности ги достави до Обвинителството, СЈО и до Судскиот совет, ОЈО сè уште е во предистражна постапка, во Советот пак, се очекува седница, којашто неколкупати беше одложувана и засега ставот е дека не забележале нерегуларности.
„Разговарав со членовите на таа комиија и очекувам до крајот на септември конечен извештај да достават, да завршат со нивниот извештај и со прегледот што поскоро, зашто нормално соглед на целата пупа што се направи во јавноста е во инитес на јавноста“, изјави неодамна за 1ТВ претседателот на Судски совет Зоран Караџоски.
Во извештајот за АКМИС Системите, меѓу другото, се наведе дека во Кривичен, 860 предмети не биле доделени на судија. Скопското Обвинителство веќе обезбедило докази и од Судскиот совет, СЈО и Кривичниот суд. Неофицијално, укажуваат дека во „скопска еднициа“ имало пракса предмети да се делат на рака, наместо електронски, по парав на тогашниот Претседател на судот на подобните судии./1TV