Неколку стотини работници на градилиштето на третиот аеродром во Истанбул, кој треба да биде отворен кон крајот на октомври, уапсени се по протестот за условите за работа.

Ова го соопштија неколку турски синикати.
„Уапсени се околу 500 работници на третиот аеродром“, наведе Конфедерацијата на синдикати.
Неколку стотини работници протестираа во петок вечер пред градилиштето на аеродромот, еден од бројните огромни проекти кои ги покрена турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Собирот го растера полицијата, а работниците се жалеа на несреќите на градилиштето и условите за работа и живеење, каде многу од нив живеат на градилитето.
Според „Џумхуриет“, некои работници се жалеле и на болви во креветите. Претпријатието задолжено за градба на аеродромот наведе дека ќе се состане со работниците за да најддат заеднички јазик.
За изградба на аеродромот ангажирани се околу 35.000 луѓе меѓу кои 3.000 инженери.
Министерствотот за сообраќај во април соопшти дека загинале 27 работници, од кои 14 на самото место, а работниците тврдат дека бројот е поголем.
Аеродромот во Истанбул ќе може да прими 90 милиони патници годишно.