Во Албанија носталгичарите на комунистичкиот лидер Енвер Хоџа денеска со песни, пароли и постери ја одбележаа 76 годишнината на Конференцијата на Пеза. Организатор на активностите беше Комунистичката партија на Албанија која продолжува да ги одбележува сите значајни датуми во историјата кои се поворзани со комунизмот во Албанија и ликот и делото на Хоџа.

Опозиционата Демократска партија објави на Јутјуб снимка од прославата на денот на Околијата Тепелена на која се глада како градопначалникот Термет Печи , член на Социјалистичката партија пее песна посветена на Енвер Хоџа , и притоа бара негова оставка . Опозицијата во Албанија подолг период ја обвинува власта на премиерот Еди Рама дека преку комунистите во земјата се обидува да го врати угледот на комунистичкиот претседател на Албанија Енвер Хоџа , чии споменици беа урнати со стартот на плурализмот во Албанија на почетокот на 9о тите години.
Албанските медиуми оценуваат дека последните години во земјата се повеке расте бројот на ностачгичарите на Енвер Хоџа , не само кај возрасните туку и кај младите./Libertas