Албанец фатен со 20 кг дрога што ја превезувал од Македонија во Србија

од desk2
79 прегледи

 

Цариниците во Србија, во соработка со граничната полиција, на граничниот премин „Прешево“, откриле обиди за криумчање наркотици.

Запленети се повеќе од 20 килограми дорга, од кои 19 кг марихуана и еден килограм хероин.

Во неделата попладне цариникот во детална проверка на „мерцедес А класа“, со албански регистарски таблички, кој на преминот стигнал од Македонија, нашол 26 пакети со марихуана, и два пакети со хероин.

Недолго по овој обид за криумчарење, сопрен е и босански државјанин во „пежо“ со словенечки регистарски таблички, а во возилото се најдени три пакети марихуана со околу 4 кг дрога.