Од прв човек на Кривичнот суд, судијата Владимир Панчевски осомничен во Обвинителството за АКМИС Системите, дознава 1ТВ. Панчевски информацијата ја добил во писмената покана за распит од Обвинителството.

Панчевски во скопското Обвинителство ќе одговара на прашањата на двајцата обвинители околу АКМИС Системите во Кривичен. Тој не е единствениот кој ќе одговара на обвинителските прашања, но има само еден осомничен во постапката на ОЈО Скопје. На распит е повикан и шефот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, но во својство на сведок, како и преостанати судии, инфоматичари и судски административци.
Во извештајот, меѓу другото, се наведе дека во Кривичен, 860 предмeти не биле доделени на судија. Скопскиото обвинителство располага со докази од „скопска единица“, СЈО и од Судскиот совет. Нефоцијално, укажуваат дека во Кривичен, имало пракса предмети да се делат на рака, наместо електронски, по парав на тогашниот Претседател на судот на подобните судии.
