Катастрофални поплави во Нигерија, 100 мртви (фото/видео)

од desk2
86 прегледи

Повеќе од 100 луѓе загинаа при поплавите што ја погодија Нигерија, откако пукнаа две брани на две реки, соопштија надлежните.

Како што соопшти Националниот центар за вонредни ситуации силните дождови предизвикале прелевање на реките Нигер и Бенуа.

Нигерија со поплавите се бори веќе две недели, а илјадници луѓе се евакуирани.