Курц повторно повика граѓаните да гласаат на референдумот (видео)

од desk2
154 прегледи

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска преку видео порака повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30 септември.


– Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja донесам вашата одлука, но како пријател на Македонија, се надевам на правилна одлука и на европски развој, порача Курц.

Австрискиот канцелар истата порака ја упати и за време на посетата на Македонија на 7 септември. Тој го поздрави постигнатиот договор со Грција, а неговото прифаќање на референдумот, како што нагласи, е голема шанса за европерспективата на Македонија и за целиот регион.

Порака од австрискиот канцелар Курц: Се надевам на позитивен резултат од референдумот

„Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja донесам вашата одлука, но како пријател на Македонија, се надевам на правилна одлука и на европски развој“. Пријателска порака од австрискиот канцелар Sebastian Kurz.

Публикувахте от Zoran Zaev в Четвъртък, 20 септември 2018 г.

Слични содржини