Судијата Панчевски на распит во Јавното обвинителство

од desk2
153 прегледи

Судијата Владимир Панчевски денеска беше на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со електронски систем за распределба на предмети (АКМИС) во периодот кога беше претседател на скопскиот Кривичен суд.

Од Јавното обвинителство велат дека Панчевски се товари за две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и за „несовесно работење во службата“.

Оттаму посочуваат дека останатите лица кои во моментов се поканети во својство на сведоци во Обвинителството исказ ќе даваат во текот на следните денови.