Соосновачите на Instagrama, апликацијата за размена на фотографии, кој го купи Facebook, соопштија дека поднеле оставки.

Кевин Систром, актуелен генерален директор на Инстаграм и Мајк Кригер, директор за технолошки прашања, ја креираа апликацијата во 2010 година.
„Мајк и јас сме благодарни за последните осум години во Инстаграм и шест години во Фејсбук… Заминуваме за повторно да ја испитаме нашата радозналост и креативност“, напиша во соопштението објавено на вебсајтот на фирмата Систром.
Вели дека двајцата се подготвени да отворат ново поглавје, Не наведе прецизни причини за заминувањето а во американските медиуми заминувањето го припишуваат на несогласување со шефовите на фејсбук.
Инстаграм во јуни објави дека го преминале прагот на милијарда корисници.
Инстаграм е креиран во 2010 година, а потоа Фејсбук го купи за милијарда долари.
Двајцата основачи на WhatsApp, друга апликација која ја купи Фејсбук, Јан Кум и Брајан Ектон, го напуштија Фејсбук во 2017 и 2018 година, поради несогласување со шефовите на фејсбук околу рекламирањето.