Дојава за бомба во Британската амбасада во Сараево

од desk2
75 прегледи

 

Сараевската полиција денеска околу 13.10 часот примила дојава дека е поставена бомба во зградата во која се наоѓа амбасадата на Велика Британија.

Полициска патрола и специјални единици се упатени таму, каде вршат контролен преглед, по што ќе биде познато дали е лажна тревога или не.

Објектот е обезбеден со полициски ленти.