Данска ќе забранува сунет?!

од desk2
234 прегледи

Со петиција е побарано од данскиот парламент да ја разгледа можноста за забрана на сунет кај момчиња помлади од 18 години.

Петицијата содржи 50.000 потписи.

Лоби грубата која го спроведе собирањето потписи, а се грижи за здравјето на децата вели дека очекува парламентот да гласа за ова прашање во октомври.

Поддржвачите на идејата велат дека децата сами треба да одлучат дали ќе направат сунет или не, а противниците велат дека е право на родителот на детето кое не наполнило 18 години да одлучат за оваа процедура, како слобода на изразувањето религија.

Сунетот во Данска не е вообичаен, а се спроведува од религиски причини.

Во 2016 година, The Economist извести дека 50 отсто од машките деца во САД се подложени на сунет, наспроти два или три проценти во Финска или Велика Британија.