Данската полиција ги затвори двата главни моста за сообраќај и го откажа возењето со траект од Данска до Шведска и Германија во рамки на голема полициска операција.

Ова го објави полицијата од Копенхаген на твитер, пренесе Ројтерс.
Полицијата не објаснила зошто е затворен мостот Оресунд, кој го поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, како и мостот што ги поврзува островите Зеланд и Фин.
BBC јави дека локалните медиуми наведуваат дека во тек е потрага по опасно лице, но надлежните ништо официјално не соопштија.
Заради операцијата од остаткот од земјата отсечен е островот Зеланд на кој се наоѓа и данската престолнина.
Тоа створи големи сообраќајни гужви и застои во близина на мостовите кои водат кон Шведска. Весникот Афтонбладет повикувајќи се на неименуван полициски извор, пишува дека акцијата е преземена како потрага по автомобил со шведски регистрации за лице кое се бара во врска со киднапирање.
Аеродромот во Копенхаген се уште е отворен.