Како Facebook им овозможува на огласувачите пристап до податоци, кои корисниците не ги споделиле во нивните сметки?

од Vlatko K
126 прегледи

Сан Франциско, 27 септември 2018 (МИА) – Facebook често не потсетува за тоа какви напори прават, за да ни дадат целосна контрола врз информациите во нашите сметки. Од социјалната мрежа велат дека ни даваат пристап до сите потребни алатки за да одбереме каква содржина другите луѓе гледаат за нас на Facebook. Во повеќето случаи, треба да „чепкате“ во менито за поставки сè додека не го најдете токму она што ви треба. Дали сте забележале дека дури и ако скриете одредени информации, сепак гледате реклами поврзани со нив?

Добро е да се знае дека не сте единствените, и ова е проблем со кој се соочуваат сите корисници и се должи на т.н. „Профил во сенка“ (Shadow Profile). Всушност, ова е дополнителна база на податоци за секој човек со профил на социјалната мрежа, пренесе „Mashable“. Ова ги вклучува информациите за други корисници кои можеби и немаат Facebook сметки, но споделиле работи со други луѓе, кои се регистрирани. Излегува дека Facebook им овозможува на огласувачите пристап до „Профилот во сенка“.

За да ја видaт оваа база на податоци, потребно е само да внесат е-пошта или телефонски број на одреден човек во социјалната мрежа. Потоа Facebook ќе дозволат да го таргетираат со реклами, користејќи информации, што не се споделени од соодветното лице во неговиот профил. Присуството на ваквите практики значи дека компанијата не е толку транспарентна како што вели во поглед на тоа како таа собира и дистрибуира информации до потрошувачите.