Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки градат мега комплекс во вредност од околу 8 милиони долари.
Огромната куќа на 35-годишната ѕвезда од серијата “Тор” се наоѓа на убав рид во Австралија, со поглед кон плажите на заливот “Бајрон”, во близина на Сиднеј.
Крајбрежната палата на Крис и Елса предизвикува доста контроверзни коментари. Тој сѐ уште не е подготвен, но според љубителите на Хемсворт, имотот повеќе личи на болница, фабрика или трговски центар, но не и дом.
Според познавачите, куќата на актерска двојка, која има три деца, ќе располага со фитнес сала опремена со парна бања, голем базен со поглед на океанот, спа центар, домашно кино, сала за игри, едневни игралишта, како и 6 спални.

Фотографија: Сплеш вести
Има луѓе кои ja коментираа квадратнaта бетонска зграда со критиките: “Личи на деловна зграда или на бункер и тоа токму во средината на ова убаво место!” Друг фан додава: “Куќата изгледа како фабрика – целосно несоодветна зграда за регионот.”
Крис и 42-годишната Елса имаат момчиња близнаци, Тристан и Саша, и ќерка по име Индија Роуз.

Фотографија: Сплеш вести