СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не шири неоснована паника, надлежните работат ефикасно

од desk2
108 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорното однесување и преку лажни обвинувања продолжува да шири неоснована паника.

Времето на селективност и неказнивост заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. 

Министерството за внатрешни работи, денес работи професионално, ефикасно, независно и во служба на законите и интересите на граѓаните.

Стапката на криминал се намалува, експресно се реагира на законските прекршувања, законите се еднакви за сите и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки.

Граѓаните може да останат мирни, институциите ја гарантираат сигурноста и безбедноста.

СДСМ