Дачиќ тврди дека се очекуваат први апсења за злосторства на Косово

од desk2
81 прегледи

Цел спрат од затворот во Шевенинген се празни, а тоа се најмалку 12 ќелии, за потребите на Специјалниот суд за Косово, изјави денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. 

– Тоа е ексклузивна вест од Шевенинген, 100 отсто проверена. Значи тој Суд почнува со работа и се очекуваат првите апсења, изјави тој за белградски медиуми.

– Дали ќе биде Хашим Тачи сместен таму или некој друг, не е битно. Тој суд почнува со работа и итно бараат да се ослободат ќелии,додаде тој.