Им честитаме на граѓаните за демократската култура што ја прикажаа денес, како и за поддршката што ја дадоа со нивниот глас ЗА НАТО и ЕУ.
Граѓаните, со апсолутно мнозинство гласаа ЗА НАТО и ЕУ, а тоа нè обврзува нас како ДПА да останеме посветени на оваа определба, како и да продолжиме преку институциите да го туркаме овој процес се до целосна интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на ДПА.