Фотографија на денот: Референдум со неисполнет цензус, но јасно „за“

од desk2
85 прегледи

Преку 600 илјади граѓани на Македонија одговорија позитивно на референдумското прашање. Но, по гласањето на кое излезноста беше само нешто повеќе од 36 насто Македонија е исправена пред многу нови прашања и неизвесности.


Еден од двата услови за успешен референдум не е исполнет, изјави претседателот на ДИК , Оливер Дерковски, по соопштувањето на прелиминарните податоци за излезноста на гласањето, која не го достигнува законски утврдениот цензус од 50 проценти. Според последните податоци од ДИК, по пребројани 98,61 процент од гласовите, одзивот изнесува 36,87 насто. Процентот на оние кои гласале „за“ пак изнесува 91,48 насто. „Против“ пак гласале 5,64 проценти./DW