Зголемена борбена готовност не важи за целата војска

од desk2
83 прегледи

Зголемената борбена готовност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја нареди како одговор на посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи на езерото Газивода, се однесува само на неколку специјални единици, а не на сите припадници на српските вооружени сили.


Како што објасни извор од српската армија за „Данас“, зголемената борбена готовност, меѓу другото, подразбира и дека сите припадници на вооружените сили се повлекуваат во касарните за да бидат достапни на командата доколку биде одлучено да реагираат.

Бидејќи тоа не е случај, истакнува изворот за „Данас“, не може да стане збор за зголемен степен на борбена готовност на Војската на Србија, туку само на неколку единици.

Тој термин со денови го користи министерот за одбрана на Србија Александар Вулин.
Срето Малиновиќ, пензиониран генерален од авијацијата, вели дека зголемувањето на борбената готовност е перформанс за домашната публика.

– Ситуацијата во Косово не бара зголемување на борбената готовност и сето ова го гледам како непотребно вознемирување на јавноста. Тоа е пропаганда што ќе предизвика најголема штета на нашите луѓе кои живеат јужно од Ибар, вели Малиновиќ.