Microsoft веќе вложуваат на стратегијата да претстават верзии на своите апликации за конкурентските платформи. На овој начин компанијата успеа да го прошири своето влијание дури и меѓу сопствениците на паметните телефони со Android и iOS. Следниот чекор е Microsoft да ги натера повеќето од нив да почнат да работат со Windows 10. Веќе се експериментира со нова корисна функција која им овозможува да го споделите екранот на смартфонот со својот компјутер, што дефинитивно ќе им се допадне на доста луѓе

Тоа е соодветно решение да ги разгледате сликите, да стартувате мултимедијални содржини или да видите како изгледа вашата омилена апликација на голем екран. Новата функција се уште се наоѓа во почетна фаза на развој и може да стане дел од идните надградби на Windows 10, пренесе TechRadar. Можноста да комуницирате со екранот на смартфон со Android без дури да имате физички пристап до него има потенцијал да ја олесни вашата секојдневна работа.
Функцијата нема да е дел од Windows 10 October Update и се уште нема информации кога сите корисници ќе можат да ја испробаат на своите уреди. Идејата на Microsoft е доста интересна и ќе ни овозможи да заштедиме драгоцено време. Интеграцијата на повеќе функционалности на Android на Windows 10 е еден од начините компанијата да нè натера да поминуваме повеќе време во работа со оперативниот систем. Засега оваа функција ќе биде ограничена само за Android и нема да е достапна за iOS.