Берлускони замина на роденден кај Путин

од desk2
187 прегледи

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека со авион се упатил во Русија да го прослави роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Летам со авион на роденден на мојот пријател Владимир Путин, Ја користам можноста да разговараме за најважните меѓународни проблеми“, напиша Берлускони на својот Твитер.

Оваа недела италијанските медиуми објавија дека Берлускони има намера да го посети Путин за роденденот по цена да ја пропушти програмата на својата партија „Напред, Италијо“, која се одржува во Милано овој викенд.

Минатата година Берлускони исто така, присуствуваше на обележувањето на роденденот на рускиот лидер во Сочи и му подари огромен покриваќ на кој е прикажано ракувањето на двајцата политичари со знаменитости од Русија и од Италија во позадина.

На Путин роденден му е утре.

Слични содржини