Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова најбрзи на „Скопје трча 10 километри“

од desk4
99 прегледи

Дарио Ивановски во машка категорија и Адријана Поп Арсова во женска категорија беа најбрзи на денешната трка „Скопје трча 10 километри“ (Skopje Run 10К) што се одржа на улиците на македонската престолнина.

Ивановски ја заврши трката со време од 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов со 32:47 минути, а трет ја помина целта Атанас Анчевски со 33:28 минути.

Поп Арсова истрча со време од 38:28 минути, а со време од 39:06 минути на второто место заврши Миљана Ристиќ, додека трета беше Биљана Кираџиева со 39:59 минути.

Трката се одржува втора година по ред и годинава беа пријавени над 1.500 учесници, односно двојно повеќе од лани.

Оваа година се трчаше под мотото „Секој километар значи“ и трката имаше хуманитарен карактер за поддршка на „СОС Детско село“.

Слични содржини