Тоа што мажите го прават наутро многу открива за нивниот карактер.
Дваесет проценти од мажите изјавиле дека веднаш по будењето сакаат секс. Овој тип на маж е енергичен и полн со живот. Има смисла за хумор.
Дваесет и шест отсто изјавиле дека се тушираат. Во овој тип жените можат да имаат целосна доверба, бидејќи цврсто стои на земја. Тој нема време за губење и неговата дневна рутина почнува со туширањето. Тој е со рафиниран дух, отворен за детали и фини работи.
Шеснаесет проценти од мажите по будењето се посветуваат на здравиот живот. Таквиот маж не сака залудно да потроши ниту една минута од своето време, секогаш има план, како за себе, така и за другите.
Дваесет и пет отсто од мажте сакаат да пијат кафе. Таквите мажи сакаат да прават се без нервози, не сакаат да брзаат, но сигурно се движат кон своите цели.