Сообраќајки, фалсификати и кражби

од Vladimir Zorba
217 прегледи

МВР Билтен

Скопје, 14 октомври 2018 (МИА) – На 14.10.2018 година во 00.50 часот на улица „120“ во Куманово, патничко возило „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И.(24) од Куманово удрило во дрвја и заштитна ограда, по што запрело. По незгодата, со возило на Ита медицинска помош, М.И. и сопатничката С.П.(20) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Куманово. Кај М.И. биле констатирани тешки телесни повреди, додека С.П. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

На 12.10.2018 година во 20.35 часот на улица „1632“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Скопје, и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(26) од Скопје. По незгодата, двајцата возачи со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. На Д.Ј. му биле константирани тешки телесни повреди, додека на А.П. му биле константирани телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 13.10.2018 година во 12.25 часот на улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило тригодишно девојче од Битола. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

На 13.10.2018 година во 22.50 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при редовна контрола било констатирано дека А.К.(32) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со приколка со турска национална ознака на увид приложил фалсификувани зелени карти за осигурување од автоодговорност. А.К. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 13.08.2018 година во 11.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, поради постоење основи на сомнение за фалсификуван сериски број на шасија на патничко возило „Фолксваген Пасат“ со косовски регистарски ознаки, бил приведен Џ.Б.(42) од Косово. Во 12.40 часот тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

На 13.10.2018 година околу 13.00 часот во Полициката станица Берово било пријавено дека над село Смојмирово има пожар. Во пожарот била зафатена површина на место викано „Почивалото“, место викано „Рудината“, место викано „Вишните“, сите атар на село Смојмирово, од каде се проширил кон место викано „Конар“, атар на Пехчево. Во 17.00 часот пожарот бил локализиран и ставен под контрола од мештаните и екипи од Шумското стопанство „Малешево“-Берово и Шумско стопанство „Равна река“-Пехчево. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 13.10.2018 година околу 16.15 часот било пријавено дека позади домот „25 -ти Мај“ на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје настанал пожар во кој горела сува трева и старо лозје на површина од околу еден хектар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

На 13.10.2018 година околу 17.20 часот било пријавено дека бил забележан пожар на обиколница Скопје, од клучка Радишани кон Смилковско езеро, при што горела сува трева.

На 13.10.2018 година во 13.22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Гермијан, битолско, при изведување на градежни работи во близина на мостот, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од 105мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спаување Битола за понатамошна постапка.