Руската главна обвинителка задолжена за корупцијата е убиена пред својот дом во близина на рускиот главен град Москва.

Главната обвинителка задолжена за криминал и корупција во земјата, е убиена во близина на рускиот главен град, пренесуваат тамошните медиуми.
Од московското одделение на Истражниот комитет тврдат дека 45-годишната обвинителка Јевгенија Шишкина била застрелана во вратот на 10-ти октомври кога излегувала од зградата каде што бил нејзиниот стан во градот Архангелск во близина на Москва.
https://www.youtube.com/watch?v=TNvEna7rxB0
Портпаролката на Истражниот комитет на Русија, Олга Вради изјавила за руските медиуми дека обвинителката Шишкина константно добивала закани од руското подземје, а пред неколку месеци бил запален и нејзиниот автомобил.
Меѓу другото, од рускиот Истражен комитет соопштија дека нивниот челник, Александр Бастрјкин, сега лично го превзел водењето на истрагата за ликвидацијата на познатата руска обвинителка.