Бугарската опозиција бара гласање за недоверба на Владата

од desk2
122 прегледи

Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов.

Социјалистите како причина го наведуваат фактот дека Владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптоварен со многу проблеми. 

Ова е трето барање на социјалистите за гласање недоверба на Владата, а светските меидуми коментираат дека веројатно и овој пат нема да успее.

Социјалистите имаат 79 од 240 места во бугарскиот Парламент и за сега немаат поддршка од ниту една друга партија за свето барање.