Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае за убиство на Кашоги

од desk4
299 прегледи

  Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае дека исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги по грешка е убиен за време на информативен разговор во Конзулатот на таа држава во Истанбул, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори.

Според медиумот, во извештајот се вели дека смртта на Кашоги е резултат на „испрашување што тргнало наопаку“, а чија цел требало да биде негово киднапирање од Турција.

Според еден извор, во извештајот ќе се заклучи дека операцијата е изведена без официјална дозвола и дека вмешаните ќе сносат одговорност.

Но, еден од изворите вели дека извештајот се уште се подготвува и можни се промени.

Кашоги, новинар на Вашингтон пост исчезна откако на 2 октомври влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул по документи кои му биле потребни за женидба.