Советник од Гази Баба не дојде на судење, Фетаи бараше да го приведат

од desk2
155 прегледи

Советник во Општина Гази Баба кој е обвинет во случајот со насилството во Општина Центар, не дојде на судењето бидејќи имал седница во општината, за што го известил и судот.


Обвинителката Фатиме Фетаи бараше да го приведат бидејќи, според неа, отсуството не е оправдано и има за цел да се одолговлекува судењето. На ова се противеше одбраната, а судот го одложи рочиштето за 29 октомври.

На денешното рочиште се појави и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој требаше да сведочи.

На судењето се појавија и обвинетите Никола Груевски и Даниела Рангелова, кои се актуелни пратеници.