Кацарска ги исфрли адвокатите на обвинетите за 27 април и ги казни по 1.000 евра

од desk2
92 прегледи

Судечкиот совет со кој претседава судијката Добрила Кацарска ги исфрли адвокатите на обвинетите во случајот со настаните од 27 април лани во Собранието.

Тие демонстративно излегоа од судот обвинувајќи ја судијката дека го крши правата на обвинетите, за кои Кацарска рекла дека ќе им се назначат адвокати по службена должност.

Според објаснувањето на адвокатите, одлуката да ги избрка од судница и казни со по 1.000 евра по 40-тината адвокати, следувала откако тие се побуниле за условите за работа во старата зграда на Кривичниот суд. Судењето беше префрлено таму откако претходно во новата имаше проблеми со техниката при сведочењето на загрозениот сведок чиј глас треба да биде мутиран.

Одлуката за бркање на адвокатите и назначување на други по службена должност важи само за денеска, а во моментов има нова пауза. Какво е објаснувањето од другата страна засега не е познато./Plusinfo