iPad Pro (2018) ќе биде со дебелина од 5.9 mm и нема да има 3.5 mm аудио приклучок

од Vlatko K
136 прегледи

Apple се очекува да го прошири своето портфолио на таблети со премиерата на неколку нови модели, што ќе се случи во следните неколку недели. Компанијата ќе стартува со продажбата навреме за празничната сезона на крајот на годината, што ќе ја зајакне конкуренцијата и ќе ги зацврсти позициите во овој сегмент. Новите таблети ќе понудат различен дизајн, ултра-тенка големина и ќе ги отстранат класичните 3.5 mm. аудио приклучоци. Овој компромис е направен за да достигне дебелина од импресивни 5,9 милиметри.

За споредба, сегашните iPad верзии се 7.5 милиметри, додека iPad Pro е 6.1 и 6.9 милиметри. На овој начин ултратенките димензии ќе се претворат во едно од водечките подобрувања во уредите, како и премиум дизајнот. Информациите не се изненадувачки, бидејќи аналитичарите одамна очекуваат дека Apple ќе го отстрани 3,5 мм аудио приклучок од популарната серија, вели RedmondPie.

Многу е веројатно дека големината од 5,9 инчи ќе биде поврзана со најмалиот iPad на претстојната серија. Се очекува дисплеј и од 10.5 – инчи, а дополнително ќе видиме и поголем 13-инчен модел iPad Pro. Технолошкиот гигант се труди да обезбеди голем број на дополнителни подобрувања поврзани со хардверот на таблетите. Наскоро ќе дознаеме какви други технички карактеристики ќе ни понуди новата Apple таблет серија.