Само еден отсто од населението во Шведска е сиромашно

од desk2
69 прегледи

Шведска има најнизок процент на луѓе кои живеат во сериозна сиромаштија, со околу еден отсто од населението кои припаѓаат во оваа категорија, според националната статистика.

STOCKHOLM 20140830 :
Uteliggare i korsningen Seavägen/Tegnérgatan
Foto: Maja Suslin / TT / Kod 60885

На тој начин се доаѓа до бројка од 100.000 луѓе, што е далеку ппомалку од просекот на Европската унија што изнесува седум отсто.

„Кога се зборува за материјална сиромаштија, групата невработени е најголема, со осум отсто од нив кои живеат во сиромаштија“, велат од статистика.

Живеење во серизоно материјално сиромаштво е дефинирано како да не сте бво можност да си дозволите четири од девет работи кои го карактеризираат добриот квалитет на живот, како кирија, затоплување на домот, неочекувани трошоци, празници, и редовност на јадење месо или други протеини.

Во Шведска, процентот на сиромашни луѓе речиси една деценија останува околу еден процент.

Секако, има нерамномерности во однос на разликите меѓу различни демографски групи.