Google ќе бара пари за своите апликации во Европа

од Vlatko K
77 прегледи

Google објави дека повеќе нема да бара од производителите на мобилни уреди во Европа да ги инсталираат апликациите на компанијата доколку сакаат да го користат Android. Од друга страна, компаниите ќе мора да плаќаат на Google ако сакаат да ги инсталираат своите апликации.

Промената е резултат на контролите од страна на регулаторите на ЕУ кои веруваат дека Google може да ја злоупотреби својата доминантна позиција на пазарот и да ги наметнува своите услуги на сметка на конкуренцијата. Тие, исто така, доведоа до рекордна парична казна за Google ова лето. За да избегне понатамошни парични казни, Google треба да ја промени својата политика на ЕУ.

Компанијата вели дека новиот режим ќе стапи на сила на 29-ти октомври. Токаш ќе бидат објавени цените за лиценци за апликации. Според информации на весникот „The New York Times“, Google планира да нуди пакет на апликации кој вклучува Gmail, Google Maps, YouTube и продавницата за апликации Google Play. Компаниите ќе можат да избираат само одредени апликации за плаќање и инсталирање на нивните уреди. Самиот Android ќе продолжи да се дистрибуира бесплатно. Идејата е дека производителите ќе можат да направат свој избор на апликации за да ги инсталираат на нивните уреди однапред.

Google ќе им дозволи на производителите да развијат и модифицираат верзии на Android за да ги користат апликациите на Google за уредите во ЕУ. Промените ќе стапат на сила за сите паметни телефони и таблети кои ќе се продаваат со Android на територијата на ЕУ.

За самите корисници не би требало да има одредени промени. Во зависност од цената на апликациите, ова може да влијае на крајната цена на паметниот телефон, но таков развој е малку веројатен.

Европската комисија коментираше пред „The Verge“ дека Google не е обврзан да наплатува надоместоци. ЕК само сака компанијата да ја промени својата сегашна политика, така што ги исполнува барањата на законот. ЕК, исто така, вели дека внимателно ќе ги следи резултатите од промените на Google со цел да оцени дали се ефективни и во согласност со барањата.