Смартфонот со дисплеј на преклопување на Samsung ќе биде истовремено таблет и телефон

од Vlatko K
85 прегледи

Шефот на мобилниот одел на Samsung, Ди Џеј Ко, откри нови детали околу смартфонот на преклопување на кој компанијата работи веќе неколку години. Во рамките на премиерата на Galaxy A9, тој раскажа пред медиумите дека главната цел на Samsung е смартфонот на преклопување да е смислен производ, а не само технолошка играчка. Според Кo, потрошувачите ќе добијат уред кој ќе комбинира таблет и телефон.

Во преклопен вид, моделот ќе може да се користи со целосна функционалност на модерен моќен таблет, а по неговото виткање тој ќе биде стандарден смартфон. Ди Џеј Ко откри дека производот ќе биде понуден во светски уште од првиот ден и нема да биде достапен само на одредени пазари, каква беше судбината на други врвни уреди во минатото.

Шефот на мобилниот одел на Samsung исто така уште еднаш нагласи дека главниот фокус при развивањето е корисничкото искуство и компанијата сигурно нема да пушти на пазарот производ, ако тој не ги исполнува нејзините високи стандарди во овој поглед.

До моментов, сè уште нема конкретни информации за тоа кога точно ќе се појави првиот смартфон на преклопување. Според последните гласини од корејските медиуми, негов работен прототип ќе биде прикажан за време на „Samsung Developer Conference“ во ноември, а пазарната премиера најверојатно ќе биде во почетокот на следната година.вз